Cлегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден

На 04.06.2017 година,  на денот посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.